Кадетите на Тиквеш во натпревар од 4. коло славеа на гостувањето кај Прилеп со 31:29. За младите кавадарчани ова беа први сезонски бодови, до кои стигнаа со одлична игра во завршните десет минути од натпреварот.
При водство на домашниот тим од 24:22, гостите направија целосен пресврт, односно серија од 5-0, поведоа со 27:24 и до крајот ја задржаа резултатската предност.
Марио Ѓорѓиев со осум погодоци беше најефикасен во победничката екипа. Филип Јанчев и Зоран Булуков постигнаа по шест гола, додека Благој Најдов натпреварот го заврши со пет реализации.
Во редовите на Прилеп, Марко Цветкоски и Вања Ѓорѓиоски беа најрасположени, двајцата имаа по пет погодоци.
Кадетска машка лига, 4. коло, резултати:
Група А
Преспа – Пролет 29:25 (13:13)
Виктор Ѓорѓиевски 16/Марио Поповиќ 10
Струга – Еурофарм Пелистер 2 31:18 (17:9)
Матеј Ковачески 7/Иван Светиев 4, Марко Гламновски 4
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 24:33 (12:12)
Меглен Канзуров 5/Иван Колеќески 9
Прилеп – Тиквеш 29:31 (14:13)
Марко Цветкоски 5, Вања Ѓорѓиоски 5/Марио Ѓорѓиев 8
ТАБЕЛА

Од групата Б, викендов се одигра само еден натпревар. Во Велес, кадетскиот тим на Вардар немаше поголеми проблеми да стигне до победата, триумфирајќи со 41:27. „Црвено-црните“ до убедливиот триумф стигнаа благодарение на одличната игра во второто полувреме. За младите вардарци ова беше втора победа, по она во 2. коло против Текстилец. За одбележување е одличната партија на голманот на Вардар, Алекс Трајановски – 15 одбрани за 31 мин. меѓу стативите.
Комплетните резултати од 4. коло во групата Б, како и ситуацијата на табелата, ќе ги објавиме по комплетирањето на колото.
Виктор Ѓорѓиевски „гази“ во кадетската лига, Преспа дојде до првиот триумф