Викендов се комплетираше 6. коло во пионерската машка лига, а по шест одиграни кола, четири екипи сè уште немаат загубено бод.
Тоа се Еурофарм Пелистер 2 и Македонија Ѓорче Петров од групата А, како и Младост Богданци и Гемиџии од групата Б. Токму во следното, 7. коло во Битола ќе се соочат пионерските екипи на „двојката“ и младите „лавови“ од Ѓорче Петров.
Интересно е што во групата Б се натпреваруваат и двата новоформирани клуба – Либра од Валандово и Феникс од Радовиш.
Во продолжение, погледнете ги сите резултати од 6. коло, како и најдобрите стрелци на екипите на натпреварите од ова коло.
ГРУПА А
Македонија ЃП – Прилеп 23:19 (9:7)
Владимир Иванов 8, Димитар Трајковски 7/Илија Стојаноски 8
Струга – Еурофарм Пелистер 2 11:20 (3:8)
Борјан Домазетоски 8/Марко Гламновски 5, Новак Вељановски 5
Пролет – Бутел 28:15 (13:7)
Филип Коцев 11/Горазд Алексовски 5, Јанко Ивановски 5
Еурофарм Пелистер – Охрид 20:22 (9:9)
Иво Михаиловски 6/ Јован Шикалески 9/Филип Дуноски 7
Тиквеш – слоб.
ТАБЕЛА

ГРУПА Б
Мулти Есенс – Илинден Вардар 34:22 (16:10)
Војдан Зенговски 12/Андреј Кирков 8
Младост – Радовиш 24:8 (14:1)
Лука Лукиќ 9, Антонио Каракабаков 7/Јован Ѓоргиев 3
Куманово – Либра 20:8 (12:5)
Петар Попов 6/Никола Узунов 5
Феникс – Вардар 7:26 (2:11)
Јован Тамакаров 3/Војдан Ѓорѓиевски 7, Михаил Јовчески
Гемиџии – Алкалоид 36:21 (15:12)
Бојан Мартинов 11, Андреј Јакимовски 9, Петар Ѓорѓиев 8/Марко Димитриевски 11
ТАБЕЛА
