Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска ги стартува квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година, на кое ко-организатори ќе бидат Шпанија, Португалија и Швајцарија.
Во првиот квалификациски дуел, избраниците на Кирил Лазаров ќе се соочат со Луксембург, репрезентација која од клупата ја предводи поранешниот француски репрезентативец Дидие Динар.
Македонија ја има фаворитската улога на вечерашниот натпревар, а нашите ракометари ќе имаат и голема поддршка од трибините во СЦ „Борис Трајковски“.
Натпреварот започнува во 19:00 часот, а можете да го проследите на МРТ 1 каналот, односно на овој ЛИНК.