Ана Стојчевска од Ресен дел од кадетската репрезентација за квалификациите за ЕП 2027

0

Женската кадетска репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир пред претстојните квалификации, во кои „црвено-жолтите“ на домашен терен ќе бркаат пласман на Европското кадетско првенство во 2027 година.

Селекторот Славиша Димитријески на располагање има 20 ракометарки, меѓу кои и две интернационалки од Словенија, а на списокот се најде и ресенчанката Ана Стојчевска, која настапува за Пелистер.

Македонија се наоѓа во група со Косово, Литванија и Грција, а домашниот терен ќе биде дополнителна мотивација за младите репрезентативки во обидот да изборат пласман на кадетскиот континентален собир 2027.

Квалификацискиот турнир ќе се одржи од 26 до 28 април во Скопје, поточно во спортската сала „Расадник“, а најдобрите две репрезентации ќе обезбедат место на ЕП.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

📍 27.11.2026 (петок)
🇲🇰 Македонија – Косово 🇽🇰
🕡 18:30 часот | 1. коло
📍 28.11.2026 (сабота)
🇲🇰 Македонија – Грција 🇬🇷
🕡 18:30 часот | 2. коло
📍 29.11.2026 (недела)
🇲🇰 Македонија – Литванија 🇱🇹
🕡 18:30 часот | 3. коло

ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ:

1. Ина Паунковиќ Ѓорче Петров ЖРК
2. Деспина Паjкароска ЖРК Деспина
3. Ана Насева ЖРК Астибо
4. Деана Величковска Ѓорче Петров ЖРК
5. Калина Божиновска Ѓорче Петров ЖРК
6. Ивана Глогуновска Ѓорче Петров ЖРК
7. Љира Јусуф ЖРК Чаир
8. Клара Филимановски Ѓорче Петров ЖРК
9. Миа Милошевска ЖРК Вардар
10. Магдалена Костадиновска Ѓорче Петров ЖРК
11. Ана Стојчевска ЖРК Пелистер 2012
12. Ана Михајловска ЖРК Вардар
13. Лана Алтанова ZRK Trgo ABC Izola
14. Деспина Станковска Ѓорче Петров ЖРК
15. Ангела Опетческа Ѓорче Петров ЖРК
16. Варвара Атанасовска RK Krim OTP Group Mercator
17. Ана Стојанова Ѓорче Петров МРК
18. Евгенија Смилковска ЖРК Вардар
19. Аријана Сулејмановска Ѓорче Петров ЖРК
20. Мина Ѓурчевска ЖРК Вардар

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе