Ерупција во Ресен: Преспа славеше над довчерашниот суперлигаш Пролет

128

Во возбудлив натпревар исполнет со пресврти и во кој нијанси одлучуваа за конечниот исход, ракометарите на Преспа успеаја да слават против Пролет со 26:25 (15:14), во натпревар од 11. коло од прволигашката конкуренција.

Иако домаќините водеа со 26:23 на четири минути пред крајот, гостите преку Давитковски и Крстев намалија на 26:25 и имаа напад за реми. Сепак, гостите погрешија во обидот да стигнат до бод, по што започна славјето на трибините и на домашната клупа.

Најефикасни во редовите на Преспа беа Христијан Антоновски и ракометарот со суперлигашко искуство, кружниот напаѓач Томче Трајчевски. Двајцата постигнаа по шест погодоци за победничкиот тим. Кај Пролет, најефикасни беа Алек Крстев и Кристијан Давитковски, кои исто така имаа по шест успешни реализации.

За Преспа денешната победа беше трета во сезоната, додека Пролет, кој во Ресен допатува со 12 ракометари, останува на седум победи.

ЛИНК ОД ЦЕЛИОТ НАТПРЕВАР ВО РЕСЕН ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ…

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе