Прилепчани не признаваат фаворити, Црн Дрим падна под Марковите Кули

249

Екипата на Мега баскет од Прилеп на свој терен успеа да го совлада залетаниот Црн Дрим, тим кој што пред денешниот натпревар имаше само еден пораз и пет победи на свое конто. Домаќините со поддршка од публиката си обезбедија важна победа, триумфираа со 83:79 и останаа во игра за првата позиција на табелата.

Мега баскет првата четвртина ја доби со 26:25, втората, во која двете екипи не постигнаа многу поени, ја доби со 13:9, третата со 19:18, додека гостите беа подобри во последните десет минути, постигнаа 27 поени, а домаќините 25.

Свој ден во победничката екипа имаше Благој Велески, кој натпреварот го заврши со 32 поени, Стефан Јаневски имаше 18, 13 додаде Давид Настески, а 10 поени запиша Иван Кузманоски.

Кај поразениот табор прво име беше Мухамед Ќамиловски со 35 поени, како втор стрелец се истакна Марко Здравковиќ со 19 поени.

Втора лига, 7. коло, резултати:
Академија ФМП – Соколи 63-77
Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка 97-50
Охрид – Работнички 86-63
Мега Баскет – Црн Дрим 83-79
Борец – Бутел 79-68
Мацари – Водно Санс 121-92

ТАБЕЛА: Соколи 13, Борец баскет 13, Црн Дрим 12, Ангели 12, Маџари 11, Мега баскет 11, Охрид 11, Бутел 10, МЗТ Скопје Уни Банка 10, Работнички 8, Партизан Водно Санс 8, Академија ФМП 7

 

Ангели одиграа доминантно против МЗТ за петти сезонски триумф

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе