По 1.931 ден, Супер лигата се враќа во Богданци: Младост го пречекува Прилеп

3

По неколку сезони пауза, Младост повторно е дел од Супер ракометната лига, а интересна коинциденција носи и првиот домашен натпревар на тимот по враќањето во најквалитетното домашно натпреварување.

Младост викендов пред својата публика ќе го пречека Прилеп во рамките од второто суперлигашко коло. На премиерата во новата сезона, избраниците на Горан Андоновски гостуваа во Скопје кај Бутел, од каде што успеаја да се вратат со бод по голема драма.

Токму Прилеп беше противникот на Младост и во последниот домашен натпревар во Супер лигата во сезона 2020/21. Тогаш, во претпоследното коло од плеј-аут фазата (30 мај) Младост на свој терен го пречека Прилеп, кој славеше со 37:33.

Сега, по точно 1.931 ден, Младост повторно ќе заигра пред своите навивачи во елитата. Тимот на Андоновски во минатата сезона, во која успеа да го освои второто место во Првата лига и преку бараж да избори пласман во суперлигашкото друштво, на секој домашен меч имаше голема поддршка од трибините, па се очекува и на дуелот со Прилеп да има одлична атмосфера.

Натпреварот меѓу Младост и Прилеп е закажан за 12 септември од 19:30 часот во спортската сала „Млаз“ во Богданци. Дуелот ќе може да го проследите и на РФМ каналот, со коментар на колегата Александар Ванев. Правдата на овој дуел ќе ја делат Исмаил Металари и Ненад Николовски.

ТАБЕЛА

ЛИНК ЗА УТРЕШНИОТ ДУЕЛ

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе