Утре ќе започне 16. издание на Европското првенство во женска конкуренција, на кое еден од 24-те учесници ќе биде и репрезентацијата на Македонија.
Прв ривал на Македонија ќе биде репрезентацијата на Шведска, а селекторот Кристијан Грчевски вели дека се чувствува нервоза, но во позитивна смисла.
,,Дефинитивно чувствуваме нервоза, но на позитивен начин, иако играме во првото коло со Шведска, која е подготвена да се бори за медал на првенството, ние ќе се обидеме да се претставиме на најдобар можен начин. Малку ќе калкулираме бидејќи целта ни е натпреварот против Турција, каде што ги гледаме нашите најдобри шанси за победа“, изјави Грчевски.
Утрешниот натпревар меѓу Македонија и Шведска ќе започне со почеток од 19:30 часот.
Македонија утре го започнува седмото учество на Европските првенства