Тимот на Работнички, кој се соочува со финансиски проблеми, а играчите веќе неколку месеци немаат земено плата, на натпреварот против Пелистер во рамки од 8. коло од Првата лига покажа срце на терен, ги остави проблемите зад себе и му го нанесе третиот по ред пораз на битолчани, откако триумфираше убедливо со 84:70 (20:15, 23:19, 19:21, 22:15).
Најтрофејниот македонски клуб со освоената победа го „помина“ Пелистер на табелата, сега се наоѓа на 4. позиција со 14 бода и заостанува само на еден бод од водечките Чаир и ТФТ, два тима кои се на делба на првата позиција со 15 бода.
Работнички во победата над битолскиот тим беше предводен од Имран Полутак со 28 поени, 15 додаде новото засилување Немања Капетановиќ, а одличен беше и Амар Хот, кој натпреварот го заврши со 14 поени. Кај Пелистер единствено расположени беа Бобан Стајиќ со 29 поени и Никола Мишковиќ со 16.
Прва лига, 8. коло, резултати:
Чаир – Тиквеш 79:70
Работнички – Пелистер 84:70
Шкупи – Куманово 57:83
Феникс – Гостивар 74:66
Вардар – ТФТ 79:80
МЗТ Скопје Аеродром – Кожув 69:63
ТАБЕЛА: Чаир 15, ТФТ 15, МЗТ Скопје Аеродром 14, Работнички 14, Пелистер 13, Кожув 12, Гостивар 10, Куманово 12, Шкупи 11, Феникс 10, Тиквеш 10, Вардар 8