Работнички без Полутак и Ѓуроски издржа една полувреме во Никшиќ

58

Екипата на Работнички вчера во Никшиќ го одигра претпоследниот сезонски натпревар во АБА 2 лигата и загуби од домаќинот Сутјеска со 94-75 (23-20, 26-25, 22-15, 23-15). Најтрофејниот македонски клуб, кој на гостувањето во Црна Гора беше осетно ослабен со отсуството на Имран Полутак и Стојан Ѓуроски, парираше колку што можеше, одигра на ниво во првите две четвртини, но во вториот дел домашниот тим целосно ги надигра „центарци“.

Кај Работнички најдобри поединци беа Немања Капетановиќ со 18 и Виктор Ефремовски со три поени помалку – 15. Кај победничката екипа се истакнаа Филип Баровиќ и Старовлах Милиќ, двајцата натпреварот го завршија со по 24 поени.

За Работнички ова беше петти пораз во регионалното натпреварување, додека црногорскиот тим се израдува на трет триумф, со кој ја презеде лидерската позиција во групата Б.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе