Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски заедно со тимот на Колародо дојдоа до нова победа во универзитетската НЦАА лига во Соединетите Американски Држави. По победата над Пацифик тајгерс (75:66), Јакимовски и колегите триумфираа над Коларадо Стејт со 17 разлика, 72:55.
Јакимовски на теренот мина 30 минути и зад своето име запиша девет поени и три асистенции. Колорадо во досегашниот тек од сезоната има биланс од седум победи и два порази.