Извршниот комитет на Европската ракометна федерација (ЕХФ) одобри воведување на ново натпреварување во календарот за следната, 2025 година. Станува збор за младинско натпреварување, односно за младинска Лига на шампионите со учесници на младинските тимови од актуелните 16 клуба од европската елита.
Во првиот дел од натпреварувањето ќе има четири турнири со по четири екипи. Победниците од четирите турнири ќе обезбедат пласман на завршниот турнир, кој паралелно ќе се одржи со Ф4 турнирот во Келн.
Еден од учесниците во Лигата на шампионите е македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, па многу е веројатно е дека битолчани ќе пријават младинска екипа.