Со натпреварот меѓу Радовиш и Прилеп беше комплетирано 16. коло во најквалитетното натпреварување во Македонија. Во последното коло за оваа година немаше никакви изненадувања, на сите пет од шест натпревари убедливо победија фаворитите.
Алкалоид на свој терен им одржа лекција на кавадарчани, триумфираше со десет гола разлика, 35:25, додека Вардар немаше никакви проблеми против Бутел и дојде до победа од 43:22. Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер беше доминантен во Скопје кај Пролет, победи со 37:23, а Охрид во езерскиот двобој беше пресилен против Струга, славеше со 17 гола разлика, 42:25.
Прилеп на свој терен играше против Радовиш, кој на вчерашниот натпревар формално беше домаќин. Избраниците на Божидар Мојсов беа убедливи со 37:22 и со освоената победа останаа во игра за пласман во плеј-оф фазата.
Дебитантот Бисинов на гостувањето кај Куманово не успеа да ја оствари третата победа во дебитанската сезона, откако загуби со 32:25.
Алкалоид, Вардар, Еурофарм Пелистер и Охрид веќе се сигурни патници во плеј-оф фазата, додека за останатите две места во игра се Бутел, Тиквеш, Прилеп и Пролет. Бутел и Тиквеш имаат освоено 16 бода, додека Прилеп и Пролет два помалку – 14. Натпреварите од суперлигашкото друштво ќе продолжат во месец февруари, 2025 година, од регуларниот дел останува да се одиграат уште шест кола.
Супер лига, 16. коло, резултати:
Радовиш – Прилеп 22:37
Вардар – Бутел 43:22
Пролет – Еурофарм Пелистер 23:37
Охрид – Струга 42:25
Алкалоид – Тиквеш 35:25
Куманово – Бисинов 32:25
Табела: Алкалоид 30, Еурофарм Пелистер 28, Вардар 28, Охрид 26, Бутел 16, Тиквеш, 16, Прилеп 14, Пролет, 14, Куманово 8, Струга 6, Бисинов 6, Радовиш 1