Десниот бек од Бразил, Каио Винициус Де Соуза Мораис, во најквалитетното натпреварување во Македонија пристигна во оваа сезона, ги засили редовите на Куманово и уште во своите први настапи го привлече вниманието, па беше сосема јасно дека за него ќе „гризат“ поголемите суперлигаши.
Како што е познато, 21-годишниот ракометар ќе остане во нашата лига, но ќе има друг клуб, во вториот дел од сезоната ќе игра за амбициозниот Охрид. По вчерашниот натпревар против Бисинов ФЛ, раководството на Куманово и навивачите му се заблагодарија за сè што направи за нивниот клуб во овие шест месеци.