Сентовска сама го победи Шампион – Овче Поле СУ доминантно пред својата публика

9

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет денеска пред својата публика во Свети Николе го одигра првиот натпревар на домашен терен во новата сезона, а ракометарките на домашниот состав успешно ја оправдаа фаворитската улога против Шампион.

Домашниот тим славеше со 36:12, во натпревар во кој победата на домаќинот ниту во еден момент не беше доведена во прашање. Избраничките на Илија Бетувски одиграа сигурно и контролирано и разликата во искуство дојде до израз уште од самиот почеток.

Најдобриот стрелец од минатата сезона, Анастасија Сентовска, доминираше на теренот – погодуваше, асистираше, беше успешна и од пенал (5/5), а сама зад своето име запиша 12 погодоци.

За Шампион ова беше втор натпревар во новата сезона, откако во првото коло гостуваше кај Гевгелија Југ. Од друга страна, тимот од Свети Николе во воведното коло требаше да гостува кај Стружанка во Струга, но тој натпревар беше службено регистриран во негова корист.

Прва лига, 2. коло, резултати:
Овче Поле Славјански Универзитет – Шампион 36:13 (14:6)
Анастасија Сентовска 12/Бојана Божиновска 5
Струга – Гевгелија Југ 26:25 (16:12)
Елена Ѓонеска 8, Матеа Димитроска 6/Нина Милевска 7, Нина Попова 7
20/09, 12:30, Стружанка – Астибо

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе