Ракометарите на Тиквеш утре против ЕШ од Луксембург ќе мора да ја надоместат негативата од денешниот меч, за пласман во втората фаза во ЕХФ Европскиот Куп.
Кавадарчани во првиот натпревар, кој заврши пред малку, беа поразени пред своите навивачи со 30:27 (14-14), па утре повторно во салата „Јасмин“ (18:00 часот), ќе мора да го дадат најдоброто од себе за да го поминат првото коло во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Гостинскиот тим од Луксембург во Кавадарци покажа дека не е за потценување и дека располага со квалитетен ростер со неколку искусни играчи. Иако Тиквеш влегува во реваншот со три гола негатива, оваа разлика не е недостижна.
За пласман во следната рунда, на кавадарчани ќе им биде потребна победа од најмалку четири голови разлика (или три за патникот во следното коло да се решава на пенали), што значи дека момците на Грчевски ќе мора од самиот почеток да одиграат со максимална фокусираност во одбраната и многу поефикасно во нападот.
Бен Махфуд беше најефикасен во тимот на Тиквеш со девет погодоци, а пет имаше Тоше Ончев. Голманите на македонскиот претставник немаа многу одбрани – Солев заврши со три, додека Велков со две интервенции.