Стартуваше кадетската лига: Младост со „плус 20“, Мулти Есенс со фуриозен втор дел до победа над Вардар

162

Денеска со натпреварот меѓу Младост Богданци и Текстилец стартуваше новата сезона во кадетската лига. На натпреварот одигран во спортската сала „Млаз“, домаќините забележаа убедлива победа над помладиот тим од Штип со плус 20, 42:22. Домашниот тим денеска настапи без Лука Лукиќ, кој ќе паузира одреден период поради повреда. Кај победничката екипа најефикасни беа Стојан Иванџиков со 12 и Антонио Каракабаков со 11 погодоци, додекај кај гостите од Штип се истакна Давид Ангелов со седум реализации.

Возбудлив натпревар, во првото полувреме, се одигра во Автокоманда, каде што Мулти Есенс беше домаќин на Вардар и успеа победнички да ја стартува сезоната со триумфот над гостите од 40:25. Очекувано, добар старт и плејада млади ракометари желни за докажување – Давид Владичевски, Стефан Антевски, Никола Никчевиќ…(Вардар), како и Горјан Петрушевски (најдобриот лев бек од кадетскиот Ф4), Петар Митев, Христијан Ангеловски, Тихомир Деловски…(Мулти Есенс).

До десеттата минута, голманите Давид Владичевски од Вардар и Тихомир Деловски од Мулти Есенс имаа по три интервенции, а резултатот беше 6-4 во корист на домаќините.

Двете екипи во најголем дел реализираа преку бековската линија, а во периодот од 13. до 16. минута, Мулти Есенс постигна два гола на празен гол за предност од 11-8. Потоа следуваше период од пет минути без реализација на двете страни.

На десетина минути пред крајот на првиот дел, голманот на Мулти Есенс, Тихомир Деловски, доби две минути исклучување поради симулирање удар во лицето. Вардарци го искористија периодот со играч повеќе. Владичевски одбрани два удари, а Никола Никчевиќ со својот петти гол во 25. минута донесе израмнување на 11-11. 

Истиот ракометар две минути подоцна повторно беше прецизен и му донесе водство на Вардар од 12-11. По нерешените 12-12 на полувреме, избраниците на Глигоров и Муратовска во првите пет минути од вториот дел дојдоа до највисоката предност дотогаш од 19-14. Од тој момент, домаќините имаа целосна контрола на резултатот, повисока предност и без многу проблеми дојдоа до убедлив триумф.

Најефикасен во победничката екипа беше Петар Митев со девет погодоци, еден помалку (8) имаше Горјан Петрушевски, додека кај Вардар најефикасен беше Никола Никчевиќ со 12 погодоци.

Во продолжение, комплетниот распоред за 1. коло кај кадетите, резултати од денешните натпревари и најдобри стрелци

Кадетска лига, сезона 2026/27 – 1. коло
Резултати и распоред:
Група А
20/09, 19:00 часот – Преспа – Прилеп
20/09, 12:00 часот – Пролет – Еурофарм Пелистер 2
20/09, 17:00 часот – Алкалоид – Струга
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Тиквеш е одложен

Група Б
Младост Богданци – Текстилец 42:22 (24:5)
Стојан Иванџиков 12, Антонио Каракабаков 11/Давид Ангелов 7
Мулти Есенс – Вардар 40:25 (12:12)
Петар Митев 9, Горјан Петрушевски 8/Никола Никчевиќ 12
20/09, 13:00 часот – Македонија Ѓорче Петров – Гемиџии
Екипата на Куманово е слободна во првото коло.

 

Кадетската машка ракометна лига во сезона 2026/27 ќе се игра во две фази – регуларен дел и плеј-оф/плеј-аут. Во регуларниот дел екипите ќе бидат поделени во две групи, а ќе се игра по еднокружен систем „домаќин-гостин“, односно секоја екипа ќе одигра вкупно 14 натпревари.

По завршувањето на регуларниот дел, најдобрите четири екипи од двете групи ќе продолжат во разигрувањето за титулата, а тоа е плej-офот. Тимовите кои ќе завршат од петтото до осмото место во Група А, односно од петтото до седмото место во Група Б, ќе продолжат во плеј-аутот, кој ќе биде составен од вкупно седум екипи.

Во плеј-офот и плеј-аутот ќе се игра по ист принцип, односно еднокружен систем „домаќин-гостин“, при што освоените бодови од регуларниот дел ќе се пренесуваат во втората фаза. Шампионската титула ќе ја освои екипата која ќе го заврши плеј-офот на првото место.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе