Пелистер го надигра лидерот, Вилсон во последните секунди го реши Работнички

98

Вицепрвакот Пелистер пред својата публика го одигра вториот најдобар сезонски натпревар, по оној против МЗТ Скопје, откако во натпревар од 11. коло од Првата лига славеше над актуелниот лидер ТФТ со 91:82. Пелистерци до победата дојдоа со подобрата игра во третата четвртина, иако гостинот во последните десет минути се врати во игра, но не можеше да направи нешто повеќе против разиграните домаќини.

Предводници во победничката екипа беа Андрија Бојиќ со 23 и Бобан Стајиќ со 16 поени, додека кај ТФТ се истакна Дејвид Хотон со 18 поени.

Неизвесно беше во Гевгелија, таму домаќинот Кожув со кошот на Карен Вилсон на осум секунди пред крајот успеа да го совлада Работнички со 81:79. Целиот  натпревар помина во голема неизвесност и променлива  игра на двете страни.  Домаќинот ја доби првата четвртина со 21:18, потоа следуваше консолидација во гостинската екипа, па така Работнички на полувреме замина со предност од 40:38.

Откако по третата четвртина беше 56:51 за Работнички, побендикот беше одлучен при финишот од натпреварот. Најпрво Кожув имаше водство од 77:76 на точно две минути до крајот, па гостите од Скопје успеаја да дојдат до 77-78 во последната минута и  имаа шанса за уште некој поен, но не успеаја да дојдат до реализација, а Кожув во последниот напад преку Вилсон успеа да стави крај на големата драма и да се израдува на

Расположен кај Работнички беше Андреј Шоштиќ со 26 поени и пет асистенции. Кај Кожув најдобар поединец беше Фран Пилепиќ со 27 поени и три асистенции.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе