Месец јануари во годината стандардно е резрвиран за настапот на машката сениорска репрезентација на Македонија на големите натпреварувања. Во јануари, 2025 година, репрезентацијата на Македонија ќе биде еден од учесниците на Светското првенство.
Како што е познато, ко-организатори на Мундијалот ќе бидат Хрватска, Данска и Норвешка, а Македонија натпреварите ќе ги игра во Вараждин. Избраниците на Кире Лазаров се очекува да имаат голема поддршка во „Вараждин Арена“.
Според најавите, во Вараждин би требало да пристигнат околу 1.000 до 2.000 наши навивачи, дел од нив ќе бидат нашинци кои живеат во хрватските градови.
Македонија за ривали во групната фаза ги има репрезентациите на Унгарија, Холандија и Гвинеја. Трите најдобро пласирани репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза на Мундијалот.
Распоред на натпревари:
15.01.2025 – Унгарија – Македонија – 20:30 часот
17.01.2025 – Холандија – Македонија – 18:00 часот
19.01.2025 – Македонија – Гвинеја – 20:30 часот