Екс селектор на Македонија останува на кормилото на некогашниот европски првак

113

Хрватскиот шампион Подравка ја продолжи соработката со екс селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Ивица Обрван.

58-годишниот стратег клупата на поранешниот европски првак ја презеде пред две години, откако повторно ги задоволи критериумите на управата на клубот од Копривница.

Двете страни се договорија на нова, двегодишна соработка, па така Обрван ќе ја предводи Подравка најмалку до сезона 2026/27. Како што е познато, Обрван ја водеше Македонија на три големи натпреварувања – ЕП 2014, СП 2015 и ЕП 2016 година.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе