Двајца екс вардарци и еден екс пелистерец ќе играат во финалето на ЛШ

99

Екипата на Фуксе Берлин е првиот патник во финалето на годинешниот Ф4 турнир во Келн од Лигата на шампионите, откако во полуфиналето славеше над големиот ривал од Бундес лигата, Магдебург, со 40:35.

Без многу голмански интервенции на двете страни, „лисиците“ беа за нијанса подобри и заслужено се пласираа во големото финале, второ во нивната историја по минатогодишното.

Овој полуфинален натпревар беше реприза на ланското финале, во кое Магдебург ја освои титулата, но годинава нема да има можност да ја брани, па во Лигата на шампионите ќе имаме нов владител.

Шанса за титула ќе имаат двајцата поранешни ракометари на Вардар, голманот Дејан Милосављев и кружниот напаѓач Мијајло Марсениќ, како и поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Нејц Цехте. Милосављев со Вардар се радуваше на двете титули во Лигата на шампионите, додека Марсениќ беше дел од генерацијата што ја освои првата европска круна во сезона 2016/17.

Предводник во победата на Фуксе Берлин беше Матијас Гидсел со девет погодоци, а голема помош доби од 23-годишниот Тим Фрајхофер, кој постигна осум погодоци. Кај Магдебург се истакна Омар Игни Магнусон со девет реализации.

Во второто полуфинале, кое започнува во 18:00 часот, ќе се сретнат Барселона и Алборг.

SPORT