Одлични вести од Германија пристигнаа за нашата земја, на која ѝ е доверена организацијата за Европското кадетско првенство во 2028 година. Одлуката беше донесена на состанокот на ЕХФ во германскиот град Келн, во рамки на финалниот викенд во ЛШ.
На кадетскиот континентален собир ќе настапи генерацијата која сега е во фаза на формирање – најмладата, односно пионерската селекција (У15) под водство на селекторот Никола Матлиески.
Европското кадетско првенство во 2028 година ќе се игра во јули и август и ќе претставува одлична можност македонските љубители на ракометот во живо да ги проследат квалитетите на новите ракометни таленти, а можеби и на идните европски ѕвезди.