Еден од најдобрите бекови во Македонија, Тоше Ончев, повторно се враќа на интернационална сцена и ќе игра во Шпанија. Искусниот Ончев, кој првиот дел од тековната сезона го мина во дебитантот Бисинов ФЛ, ќе го носи дресот на Атлетико Новас.
Шпанскиот клуб го потврди трансферот на Ончев и се очекува левиот бек да биде големо засилување во амбициозниот тим.
Ончев во Македонија беше дел и од Вардар, Работнички и Голден Арт, додека во странство настапуваше за францускиот Вернуj, Тримо Требње од Словенија и грчкиот Фаикас Корфу.