Македонските ракометари веќе „заработија“ два милиони денари

439

Машката репрезентација на Македонија ја оствари првата цел на Светското првенство 2025, откако со победата над Гвинеја обезбеди пласман во главната фаза, во која ќе игра против Австрија, Катар и Франција.

Тоа значи дека ракометарите и стручниот штаб веќе „заработија“ два милиони денари. Половина од оваа премија е од Ракометната федерација на Македонија, додека другата половина од Министерството за Спорт.

За Македонија следува ден одмор, а потоа и борбата за добар пласман на Мундијалот.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе