Се повреди еден од клучните играчи на Еурофарм Пелистер

173

Репрезентацијата на Словенија со победа ја отвори главната фаза на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска. Словенците без многу проблеми триумфираа над Аргентина со 34:23, но и покрај победата, избраниците на Урош Зорман не можат да бидат радосни.

На стартот на натпреварот, односно во 7-та минута повреда заработи Нејц Цехте. Членот на Еурофарм Пелистер доби удар во пределот на ребрата и веднаш падна на теренот.

Следуваше пауза од десет минути, а искусниот Словенецот мораше да биде изнесен на носилки.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе