Кузмановски: Покажавме единство и изгинавме еден за друг

103

Машката репрезентација на Македонија славеше против Катар со 39-34 во натпреварот од второто коло во главната рунда на СП.

Капитенот Филип Кузмановски ги истакна импресиите по победата над Катар.

,,Јас ветив пред натпреварот дека одиме на победа и верував во сите ракометари. Ова е награда за сите наши досегашни настапи, каде што се боревме до последната секунда, но навистина немавме среќа. Денеска покажавме максимална пожртвуваност, можам да кажам дека горд сум на момците и на емоциите што ги носи оваа победа. Зад нас оставаме едно силно првенство, покажувајќи како се игра за Македонија. Како тим, се боревме еден за друг и докажавме единство, едноставно изгинавме еден за друг“, изјави капитенот Кузмановски.

Последниот ривал во главната рунда е токму Франција, а овој меч се игра в сабота во „Вараждин Арена“ со почеток во 20:30 часот.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе