Репрезентативците на Хрватска ќе бидат наградени – секој ќе добие по 12.500 евра!

67

Репрезентацијата на Хрватска на Светското првенство 2025 го освои сребрениот медал, откако во финалето беше поразена од Данска со 32:26. Хрватите, кои со многу среќа стигнаа во полуфиналето, а таму ги елиминираа Французите, во финалето немаа решение како да ја запрат брзата Данска, па така од Осло си заминаа со сребро.

Министерството за спорт и туризам на Хрватска ќе им исплати бонуси на ракометарите за освоениот медал на Светското првенство. Секој репрезентативец ќе добие по 12.500 евра од државата за среброто, а исто толку ќе добие и предводникот Дагур Сигурдсон. Остатокот од стручниот штаб на ,,коцкестите” ќе ја подели сумата од 17.000 евра.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе