Македонија со пораз се враќа од Белград

27

Женската репрезентација на Македонија забележа нов пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство. Македонија на гостувањето во Белград беше убедливо поразена од домашната селекција со 105:60. Македонија парираше само во воведниот дел, потоа се мина во знакот на домаќинките кои постепено градеа висока предност.

Во Македонија се истакнаа Анџелка Митрашиновиќ со 17 и Александра Стојановска со 16 поени.

Македонија по пет одиграни натпревари се наоѓа на последното место во групата, а следен наш ривал е репрезентацијата на Украина. Србија со денешната победа веќе си го обезбеди пласманот на континенталниот собир.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе