Вардар и Баскет Кам ќе се борат за трофејот во Купот!

192

Екипите на Вардар и Баскет Кам ќе играат во женското финале во Купот на Македонија, откако во полуфиналето славеа против Крива Паланка, односно Бадел.

Вардарки против актуелниот лидер триумфираа со 78:72, а тимот предводен од Жаклина Стојановска го доби полуфиналниот дуел против Бадел со 61:58.

Баскет Кам минатата сезона во финалето славеше над МЗТ Скопје Аеродром со убедливи 67:39, додека во 2023 аеродромки славеа над истиот ривал.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе