Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето против Баскет Кам триумфираа со 69:55. Вардарки одиграа одлично во првото полувреме, им одеше речиси сѐ од рака, посебни шутевите за три поени, на пауза имаа предност од 36:23, додека во третата и четвртата четвртина не му дозволија на ривалот да има било какви шанси за кам-бек.
За Вардар ова е четврти Куп трофеј во својата историја, скопскиот тим ги освојуваше трофеите во Купот во 2017, 2018 и 2019 година, додека Баскет Кам, кој од 2021, па до 2024, со исклучок на 2023, беше победник во домашниот Куп, сега ќе се обиде барем да ја освои домашната титула.