Ракометна вечер во Скопје – Македонија во потрага по триумф против Словенија

165

Машката репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра третиот квалификациски натпревар за Европското првенство 2026.

Во Скопје ќе гостува репрезентацијата на Словенија, која ќе биде осетно ослабена, ќе недостасуваат неколку клучни ракометари.

Избраниците на Кире Лазаров против Словенија ќе ја бркаат втората победа во квалификацискиот циклус за пласман на континенталниот собир следната година.

Македонија ги започна квалификациите со победа над Естонија на домашен терен, но потоа претрпе пораз од Литванија во Вилнус. Словенија, пак, успешно ги мина дуелите со двете балтички репрезентации, освојувајќи ги планираните бодови.

Натпреварот меѓу Македонија и Словенија ќе се одигра вечерва од 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“

Распоред на денешните натпревари од квалификациите за ЕП 2026:
18:00 ЧЕШКА – ХРВАТСКА
18:00 ЦРНА ГОРА – УНГАРИЈА
18:00 ГРЦИЈА – ИСЛАНД
18:00 ЕСТОНИЈА – ЛИТВАНИЈА
18:30 ТУРЦИЈА – ШВАЈЦАРИЈА
18:45 ЛУКСЕМБУРГ – БЕЛГИЈА
20:00 ФАРСКИ ОСТРОВИ – ХОЛАНДИЈА
20:00 МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе