Македонскиот интернационалец Андреј Јакимовски синоќа одигра одличен натпревар во дресот на Колорадо, кој славеше со 69-67 против ТЦУ во првото коло од турнирот на Конференцискиот шампионат на Big 12. Јакимовски постигна 16 од своите 18 поени во второто полувреме, носејќи му триумф на својот тим. Македонецот зад своето име имаше и седум скока, две украдени топки, како и две асистенции.
„Мислам дека најтешкиот натпревар на еден турнир е првиот, а ние успеавме да го добиеме. Вложуваме многу труд веќе шест месеци, но имавме свои подеми и падови. Ќе дадеме сè од себе и ќе одиме чекор по чекор“, изјави Јакимовски.
Во второто коло, Колорадо ќе се соочи со осмиот носител – Западна Вирџинија.