Македонската репрезентативка Анџелика Митрашиновиќ имаше одличен натпревар за екипата на Плештанске Чајки, која триумфираше над Ружомберок со 65:48 (16:7, 17:15, 13:11, 19:15) во натпревар од словачкиот шампионат.
Митрашиновиќ беше најдобар играч на паркетот и натпреварот го заврши со 23 поени, 5 скока и две асистенции.
Во следното коло од регуларниот дел на сезоната, тимот на Митрашиновиќ ќе се соочи со Слован Братислава.