🎥Охрид доби одличен шутер – најдоброто од Иванковиќ во Бундес лигата!

166

Амбициозниот тим на Охрид, кој во следната сезона ќе влезе со уште поголеми амбиции, ќе биде посилен со левиот бек Анте Иванковиќ. Хрватот во Охрид ќе пристигне од Бундес лигата, поточно од Штутгарт, тим во кој настапува од 2024 година.

Поранешниот младински и кадетски репрезентативец на Хрватска својата кариера ја започна во Дубрава, а во текот на 2021 година го направи првиот интернационален предизвик, откако потпиша за Целје.

Неговите одлични настапи во дресот на Целје беа забележани од страна на Штутгарт, па така Иванковиќ успеа да заигра во најквалитетната лига на светот. 24-годишниот ракометар  беше на поширокиот список на селекторите Дагур Сигурдсон и Горан Перковац.

Освен Иванковиќ, во Охрид на лето ќе пристигнат и Тилен Стрмљан, Предраг Вејин, Николас Лиапис, како и новиот тренер Борис Ројевиќ. Во екипата би требало да има уште неколку засилувања, а во следниот период ќе биде познат конечниот ростер за новата сезона.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT