Македонските интернационалци Коста Ќириловски и Марко Луканоски продолжуваат со одличните настапи во својот прв интернационален предизвик.
Двајцата кошаркари, заедно со тимот на Студент Икогеа, беа убедливи против Дрина Принцип, триумфирајќи со 73-65 во натпревар од 22. коло од прволигашката конкуренција на Република Српска.
Ќириловски натпреварот го заврши со 11 поени, додека Луканоски зад своето име запиша девет поени и 12 скока. Тимот на Студент Икогеа се наоѓа на 3. позиција на табелата, со биланс од 15 победи на 20 одиграни натпревари.