Душебаев се враќа во редовите на Вардар

490

Репрезентативецот на Шпанија, Алекс Душебаев, соопшти дека се враќа во редовите на Вардар, со којшто ја освои првата титула во Лигата на шампионите во 2017 година. Душебаев, кој се афирмира како играч во Вардар, добил примамлива понуда од скопскиот клуб и на лето повторно ќе го облече вардаровиот дрес.

32-годишниот ракометар во редовите на поранешниот шампион на Македонија пристигна во сезоната 2013/14 и се задржа до сезоната 2016/17. По настапите за Вардар одлучи да се пресели во Келце, клуб кој од клупата го предводи неговиот татко, прославениот Талант Душебаев.

Сепак, враќањето на Душебаев во Вардар е невозможно – денес е 1 април, Денот на шегата.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT