Поранешната репрезентативка на Македонија, Индира Кастратовиќ, реши да се врати во тренерските води и во следната сезона ќе го предводи ЖРК Пелистер. Според најавите, управата на битолскиот тим планира сериозен проект и атак на шампионската титула.
Дали ЖРК Пелистер би се вратил на старите патеки останува да видиме, но доаѓањето на Кастратовиќ во Битола не е остварливо – денес е 1 април, Денот на шегата.