Раководството на Вардар активно работи на составувањето на ростерот за следната натпреварувачка сезона, а доколку „црвено-црните“ ја освојат шампионската титула, амбициите на скопскиот клуб ќе бидат уште поголеми.
Во ракометните кулоари, како можно ново засилување на Вардар се споменува членот на Бутел Скопје, дениот бек Филип Николов, а во наредниот период ќе се знае дали шпекулациите се точни.
Вардар вчера го потврди трансферот на Кристијан Анастасовски од Тиквеш, а претходно ги договори Милош Валах, Виктор Јанковски, Марек Марчињак и Мамаду Кеита.