Од петто место до борба за титула – Андоновски ја препороди Самадреџа

159

Екипата на Самадреџа, која е предводена од македонскиот стратег Горан Андоновски, е најголемото изненадување во косовскиот шампионат оваа сезона. Самадреџа, за која игра и поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Бојана Радевска, во полуфиналето од плеј-офот успеа да го елиминира Феризај, триумфирајќи на двата натпревари со 31:23 и 24:24, па за шампионската титула ќе се бори против Истогу.

За Андоновски ова е голем успех, бидејќи за првпат во својата кариера води женска екипа. Кога ја презеде Самадреџа, тимот се наоѓаше на петтата позиција на табелата, но со неговото доаѓање резултатите значително се подобрија, па екипата успеа да избори пласман во големото финале.

Охриѓанецот пред да се пресели во Самадреџа беше предводник на Раховац, каде што оствари одлични резултати на домашната и европската сцена. Во Македонија со успех ги водеше Охрид и Тиквеш по повеќе наврати.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT