Познат е стартот на Втората кошаркарска лига

199

Во просториите на КФМ беа извлечени натпреварувачките броеви со кои се формираше и распоредот на натпреварите во Втората кошаркарска лига за сезоната 2024/2025. Согласно Бергеровиот систем за натпреварување со дванаесетте екипи-учесници, формирани се и двојките за првото првенствено коло во новата сезона. Ждрепката посака, на почетокот да се сретнат „вторите екипи“ на вечните ривали: Работнички 2018 – МЗТ Скопје Уни Банка.

Како што е познато, од минатата сезона пласман во Првата лига обезбедија Куманово и Шкупи, овие две екипи ќе имаат можност да се натпреваруваат со најдобрите во Македонија. Од минатата сезона во второлигашката конкуренција остануваат Мега баскет (Прилеп), Партизан Водно Санс (Скопје), Работнички 2018 (Скопје), Борец баскет (Велес), Соколи (Штип), МЗТ Скопје Уни Банка (Скопје), Маџари (Скопје) и Ангели (Скопје). На овие екипи ќе им се придружат уште ФПМ Академија (Скопје), Бутел (Скопје), Црн Дрим (Струга) и Охрид (Охрид).

Минатата сезона трофејот кај второлигашите го освои Куманово, кој сезоната ја заврши со 100% учинок, без ниту еден пораз, второпласиран беше Шкупи, третото место им припадна на кошаркарите на Ангели, додека на 4. позиција заврши Маџари.

Стартот на Втората кошаркарска лига би требало да биде во втората недела на октомври.

 

ДВОЈКИ 1. КОЛО
Охрид – Маџари
Мега баскет – Академија ФМП
Работнички 2018 – МЗТ Скопје Уни Банка
Борец баскет – Ангели
Црн Дрим – Водно санс
Бутел – Соколи 1933

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе