Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер утре против Фуксе Берлин ќе го одигра вториот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите. Пелистерци во првото коло на гостувањето во Франција беа минимално поразени од силниот ПСЖ со 31:29, а „лисиците“ од Веспрем со 32:31. Фуксе Берлин кој во минатата сезона беше второпласиран во Бундес лигата, во својот ростер има многу познати имиња од типот на Матијас Гидсел, Ласе Андерсон, Тобијас Рајхман…а тука се и двајцата поранешни членови на Вардар, голманот Дејан Милосављев и кружниот напаѓач Мијајло Марсениќ. Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин ќе се одигра со почеток од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.