Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во рамки од 2. коло од Лигата на шампионите на свој терен беше поразен од германскиот вицепрвак Фуксе Берлин со 30:22. Гостите победата ја најавија уште во првиот дел, кој го добија со 15:9 и во вториот дел не дозволијаа пелистерци да имаат било какви шанси за евентуален камбек. Еурофарм Пелистер иако загуби, сепак, може да биде задоволен од играта на младите играчи, посебно од младиот Самоил Ристевски.
18-годишниот кружен напаѓач во своето деби во елитното натпреварување постигна три гола од исто толку обиди. Младинскиот репрезентативец покажа дека може да се носи со големи имиња и секој негов гол беше бурно поздравен во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер во следното коло од Лигата на шампионите ќе гостуваат во Романија кај Динамо Букурешт.
Еурофарм Пелистер – Фуксе Берлин 22-30 (9-15)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 3.400
Судии: Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик
Еурофарм Пелистер:
Ивиќ, Митревски, Радивојевиќ 5, Кузмановски 4, Ристевски 3, Хосни 3, Манасков 2, Цехте 2, Ѓорговски 2, Пав. Атанасијевиќ 1, Кузманоски, Тајник, Борзаш, Абутовиќ, Пет. Атанасијевиќ, Пешевски
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 4 минути
Фуксе Берлин:
Милосављев, Лудвиг, Андерсон 7, Гидсел 6, Толбриг 4, Рајхман 4, Виде 3, Лихтлајн 3, Дарј 1, Бенеке 1, Хербургер 1, Фрајхофер, Лонхоф, Ав Теигиум, Марсениќ, Друкс
Седмерци: /
Исклучувања: 4 минути