Македонскиот вицепрвак Пелистер во името на Никола Мишковиќ го доби последното засилување за новата натпреварувачка сезона. Србинот има 25 години и треба да биде од голема помош за битолчани, кои подолго време беа во потрага по квалитетен крилен центар. Мишковиќ, кој своевремено важеше за најголемите таленти на српската кошарка, во Битола доаѓа од рускиот Иркут, а во својата кариера настапуваше и за Арка (Полска), Подгорица (Црна Гора), Патрас (Грција), Менорка (Шпанија), како и за српските Беовук и Мега. Србинот беше лидер на српската јуниорска репрезентација на Европското првенство 2017, на кое нашиот северен сосед стигна со златото, а новиот пелистерец одигра одлично во финалето против Шпанија, запиша 23 поени, го доби МВП признанието на шампионатот, но беше избран и во идеалниот тим.