Поранешниот Куп освојувач на Македонија, тимот на ТФТ, денеска го претстави новото засилување. Станува збор за Дарин Говенс, кој во клубот од Тафталиџе, освен играч, ќе биде и ко-сопственик. Заедно со Говенс, во ТФТ влегува инвестициска група предводена од него која стана сопственик на 25% од акциите на клубот. Како што соопштуваат од ТФТ, Говенс ќе биде член на Управниот одбор на клубот чиј претседател е неговиот соиграч и капитен на екипата Едис Нури.
Претходна вест