Ракометарките на Металург Автокоманда се елиминирани во Европскиот Куп, откако не успеаја на реванш дуелот против Гореле да ја надоместат негативата од осум гола, победија со три гола, 37:34. Тимот од Автокоманда на првиот натпревар, кој исто така беше одигран на гостински терен во Турција, беше поразен со 36:28. Одлична партија на реваншот имаше Марија Јанкуловска, која постигна дури 14 погодоци, а ја следеше младата Михаела Кралева со осум погодоци. Гореле како победник од овој двомеч ќе продолжи во третата рунда во Европскиот Куп.
*Металург Автокоманда минатата сезона дебитираше на домашна сцена, а во оваа сезона реши да се проба во европски рамки.