Пелистер не издржа до крај, доживеа пораз од Подгорица

148

Кошаркарите на Пелистер не успеаја да дојдат до втората победа во АБА 2 лигата, откако на денешното гостување во Подгорица кај истоимената екипа загубија со 90:78. Битолскиот тим беше подобар во првата, втората и третата четвртина (22:21, 21:20 и 26:22), но домаќините одиграа одлично во последните десет минути и беа повеќе пофокусирани, доволно за да се израдуваат на првата сезонска победа, додека Пелистер одигра очајно во последните седум-осум минути. Победничкиот тим беше предводен од Балша Живановиќ, кој зад своето име запиша 24 поени. Кај Пелистер најдобри поединци беа новите засилувања –  Маркус Едварс со 20 и Никола Мишковиќ со 12 поени. Во следното, 3. коло од АБА 2 лигата, тимот на Пелистер на свој терен ќе го пречека Џокер од Сомбор.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT