Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска во Куманово против Белгија ќе го одигра најважниот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.
По поразот на гостински терен, избраничките на Кристијан Грчевски мора да го совладаат ривалот со најмалку два гола разлика за да останат во игра за пласман на континенталниот собир.
Натпреварот, кој започнува во 17:00 часот, можете да го проследите на МРТ 3, односно на овој ЛИНК.
На видеото подолу, погледнете ги изјавите на Јована Кипријановска, Андреа Илиќ и Ана Марија Коларовска.