Пионерскиот Ф4 ќе се игра во Автокоманда

153

Најдобрите четири екипи во пионерска конкуренција за оваа натпреварувачка сезона се Еурофарм Пелистер 2, Охрид, Мулти Есенс и Алкалоид.

Бранител на титулата ќе биде Охрид, кој пласманот на годинешниот Ф4 го обезбеди откако го елиминираше Вардар во четвртфиналето и ќе се обиде повторно да се искачи на тронот кај најмладите.

Организатор на завршниот турнир ќе биде Мулти Есенс, а Ф4 турнирот ќе се одигра на 16 мај (сабота) во спортската сала „Автокоманда“.

Кои екипи ќе се соочат во полуфиналните натпревари ќе биде познато по утрешната ждрепка, кога ќе бидат утврдени и саатниците за натпреварите.

Минатата сезона завршниот турнир се одржа во Битола. Титулата ја освои Охрид, второто место му припадна на Еурофарм Пелистер 2, додека Вардар и Алкалоид завршија на третата и четвртата позиција.

 

Охрид ќе ја брани титулата кај пионерите, а ќе ја напаѓаат Алкалоид, Мулти Есенс и Еурофарм Пелистер 2

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT