Ангела Шехтанска е најдобар стрелец сезонава кај младинките

55

Членката на Куманово, Ангела Шехтанска, сезоната во младинската лига ја заврши како најдобар стрелец. Талентираната ракометарка постигна 68 погодоци на седум одиграни натпревари.

Шехтанска имаше и 18 успешни реализации од пенал, а статистиката покажува дека во просек постигнувала по 7,88 гола по натпревар, односно има најдобар просек во оваа категорија.

Во ТОП листата на стрелци се уште Анастасија Тодоровска (Пелистер) со 52, Марија Димоска (Ѓорче Петров МРК) со 51, Михаела Кралева (Атлетик) со 51, Меланија Јовановска (Куманово) со 39 и Андреа Конеска (Атлетик) со 37 погодоци.

Иако со натпреварот меѓу Пелистер и Куманово требаше да биде затворена сезоната, сепак пресметката меѓу овие две екипи не се одигра во Битола, па Пелистер го доби натпреварот со службени 10-0.

Шампионската титула за оваа сезона ја освои Атлетик.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT