Кадетската екипа на Пролет на завршниот турнир, кој се одржа во Битола, успеа да ја освои титулата во кадетска конкуренција, откако во финалето триумфираше над Мулти Есенс со 37:34, а во полуфиналето сосема очекувано ја оправда фаворитската улога против Охрид (34:25).
Пролет освен што ја заврши сезоната со титула, ја заврши и со успешен скор, 18 од 18, без загубен бод и со вкупно 708 гола на 18 одиграни натпревари. Одличниот настап на Пролет во Битола имаше посебно значење и за тренерот Игор Илиевски, кој како битолчанец успеа пред своите сограѓани со своите избраници да го подигнат златото.

Трофејот за Пролет е уште еден доказ за нивната голема улога во македонскиот ракомет, особено во создавањето млади играчи и идни репрезентативци, а клубот во моментов има неколку истакнати играчи во младинските национални селекции.
Ѓоргиевски е МВП на кадетскиот Ф4, Великиќески најдобар голман, а Јанчески стрелец број еден